Бајден: Маск го купи Твитер за да шири лаги низ целиот свет
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа оцени дека Илон Маск ја купил платформата за социјални медиуми Твитер за да шири лаги низ светот.
Твитер вчера отпушти половина од персоналот, но соопшти дека скусувањата се помали во тимот одговорен за спречување на ширење на дезинформации. Ова доаѓа откако огласувачите се повлекоа поради загриженоста за управувањето со содржината.
Сега, она што најмногу нè загрижува е тоа што Илон Маск купува компанија која испраќа или едноставно шири лаги низ целиот свет… Во Америка веќе нема уредници. Нема. Како очекуваме децата да разберат што е “на коцка“?, рече Бајден на настанот за собирање средства.
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер претходно изјави пред новинарите дека Бајден бил многу јасен за потребата да се намали говорот на омраза и дезинформациите.
Овие негови ставови се однесуваат на Твитер, важат за Фејсбук и секоја друга социјална мрежа каде што корисниците можат да шират дезинформации, рече портпаролката.
Маск вети дека ќе ја врати слободата на говорот и во исто време ќе спречи Твитер да стане „пеколен пејзаж“. Сепак, големите огласувачи изразија загриженост поради купувањето на Твитер од страна на мултимилијардерот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата