Бајден до Зеленски: Храброста на Украинците го инспирираше светот
Американскиот претседател Џо Бајден, директно обраќајќи му се на својот украински колега Володимир Зеленски, ја пофали храброста на Украинците.
Бајден, на почетокот на разговорот со Зеленски во Белата куќа, рече дека Соединетите Американски Држави остануваат посветени на давање поддршка во напорите на Киев да се одбрани од руската инвазија.
– Вашата храброст го инспирираше светот. Решени сме да покажеме дека стоиме со вас и да се погрижиме светот да биде со вас, рече американскиот претседател.
Зеленски, од своја страна, истакна дека Украина многу ја цени помошта на САД во борбата против рускиот терор и рече дека ќе разговараат за потребите на Украина со посебен акцент на воздушната одбрана.
– Денеска сум во Вашингтон за да ја зајакнам нашата способност да ги браниме украинските деца, нашите семејства, нашите домови, слободата и демократијата во светот, додаде Зеленски.
По средбата во Белата куќа, Бајден изјави дека првите американски тенкови Абрамс ќе и бидат доставени на Украина следната недела, пренесува Хина.
Тој, исто така, рече дека Вашингтон наскоро ќе испрати втора батерија за противвоздушна одбрана „Хоук“ од Рејтеон и соодветната опрема во Украина.
Зеленски му се заблагодари на Бајден за новиот пакет воена помош од 325 милиони долари во оружје и противвоздушна одбрана, велејќи дека тоа е токму она што сега им треба на украинските војници.
Украинскиот претседател соопшти дека тој и Бајден се договориле за конкретни чекори за проширување на извозот на жито од Украина соочени со руската блокада и тензиите со соседна Полска.
Украинскиот претседател претходно разговараше со американските сенатори Џон Кенеди, Рон Вајден, Мејси Хироно и Том Карпер по средбата со сите членови на Сенатот во салата на Стариот Сенат, за време на посетата на Капитол.
Ново на Сител
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина
-
Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани
-
Советот на јавни обвинители најави забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација
-
АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово
-
Приведен крадец во Скопје, пронајдено и возилото што го украл