Бајден: До крајот на мај во САД ќе има доволно вакцини за сета возрасна популација
Американскиот претседател, Џо Бајден, денеска изјави дека до крајот на мај во САД ќе пристигнат доволно вакцини за да се вакцинира сета возрасна популација.
Пред само неколку дена во САД дозвола за итна употреба доби и третата вакцина против коронавирусот, на компанијата „Џонсон & Џонсон“, за која советот е да се прими само во една доза.
Белата куќа најави дека ќе ја поддржи соработката на компанијата „Мерк“ со компанијата „Џонсон & Џонсон“, за што поскоро сите вакцини бидат подготвени за кампањата на имунизација.
-Сега сме на добар пат до крајот на мај да имаме доволно вакцини за секое возрасно лице во Америка, рече Бајден.
Претседателот го објави и планот за вакцинација на наставниците и професорите, како дел од приоритетните групи за вакцинирање.
-Ние сакаме до крајот на март барем една доза вакцина да прими секој едукатор, вработен во училиште или работник за грижа со деца, изјави претседателот Бајден.
САД уште во декември почнаа да ги вакцинираат приоритетните групи, користејќи ги тогаш достапните вакцини на „Фајзер“/„Бионтек“ и на „ Модерна“.
Ново на Сител
-
18-годишен мотоциклист почина откако се судри со „бмв“ со швајцарски национални ознаки
-
Собранието ја констатира оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска
-
Поништен тендерот за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз
-
Привршува рокот за електронско пријавување за сместување во студентските домови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол и марихуана
-
Директорка на училиште во Виница си ја вработила ќерката како професор по математика, иако немала соодветно образование
-
Активни седум пожари, три под контрола, пристигнува помош од Чешка и Словенија
-
Пленарна седница за интерпелацијата на јавниот обвинител Коцевски