Бајач oд скопско наплатил 400.000 евра на брачен пар за да растури „зла магија“ направена на нивниот син | ФОТО

Полицијата вчера лиши од слобода 54-годишен „бајач" од скопското село Трубарево по пријава од брачен пар од Берово, кои од 2022 до 2025 година во повеќе наврати му давале пари во висина од пет до шест илјади евра за да растури магија што наводно му била направена на нивниот син.
Според пријавата, лицето за посочениот период се стекнало со противправна имотна корист од вкупно 400.000 евра.
Случајот на 3 јули годинава го пријавил Б.Д. (76) од Берово. Тој во СВР Штип пријавил кривично дело – „измама“ по чл. 247 ст.4 од Кривичниот законик на РСМ против лицето Д.И. (54) од село Трубарево, Скопско.
-Имено, според пријавителот, во период од 2022 до 2025 година пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти ги довел и ги држел во заблуда пријавителот и неговата сопруга М.Д. прикажувајќи се самиот себе како лице со посебни паранормални способности (наводен „бајач“, истерувач на духови и магии), односно како “Божји човек” кој има моќ и сила да растури зла магија што наводно била направена над нивниот син и што наводно му го загрозувала неговото здравје и живот. Притоа, во наведениот речиси тригодишен период, ги навел оштетените лица во повеќе наврати на различни локации во Скопје и Берово да му даваат парични средства во висина од 5.000 до 6.000 евра за „помошта“, така што се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 400.000 евра за посочениот период, се вели во соопштението од МВР.
По примањето на пријавата од страна на полициски службеници од СВР Штип во содејство со полициски службеници од ОВР Берово, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје, а по насоки на јавен обвинител од надлежното ОЈО Кочани, веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на кривично правниот настан, при што паричните средства кои оштетениот по предходен договор со пријавениот имал намера да му ги даде, се крим-технички обработени.
-Така вчера (04.07.) во Берово од слобода се лишени пријавениот Д.И. и неговата мајка Д.И. (76) од Трубарево, Скопско, кај која при извршен претрес се пронајдени парични средства во износ од 3.000 евра. Од извршениот претрес во нивниот дом во Трубарево пронајдени се и одземени предмети поврзани со кривичното дело „измама", информира МВР.
По целосно преземени мерки и активности против двете приведени лица е поднесена кривична пријава за продолжено кривично дело „измама" и тие се предадени на Судија за претходна постапка во Основниот суд Кочани


Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
