Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
Легендарниот напаѓач на минхенски Баерн, Томас Милер, в сабота ќе го одигра својот последен натпревар во дресот на бундеслигашкиот гигант, а неговите соиграчи и стручниот штаб му подготвуваат емотивно збогување на „Алијанц Арена“.
Баерн, минатата недела и теоретски ја обезбеди својата 34 титула во германското првенство пред саботниот дуел против Фрајбург, кој ќе биде последен за 35-годишниот Милер во дресот на клубот од Минхен.
„Дефинитивно ќе биде многу емотивно, не знам дали е повеќе за Томас или за луѓето околу нас. Ова се прекрасни моменти, ги имам доживеано и јас. Го познавам и Томас, тој е сè уште борец кој секогаш сака да покаже што може. Тој има многу посебен однос со навивачите“, изјави на денешната прес – конференција во Минхен тренерот на Баерн Винсент Компани.
Триесет и петгодишниот поранешен капитен на германската репрезентација Милер му се приклучи на Баерн на десетгодишна возраст, помагајќи им да освојат 13 титули во Бундеслигата, шест германски купови, осум Суперкупови и два трофеи во Лигата на шампионите.
Милер оваа сезона беше претежно резерва, а Компани е познат по тоа што е строг кога станува збор за откривање на составот пред натпреварите.
Сепак, на прашањето дали 35-годишниот напаѓач ќе игра против Борусија Менхенгладбах, белгискиот тренер не сакаше ништо да најавува.
„Сакам да останам доследен, но не сум глупав, па да почекаме и да видиме утре. Сепак, не сакам да ја расипам забавата“, рече Компани.
Ново на Сител
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Хаос во Советот на општина Кочани, тепачка, пцуење, повредена жена | ВИДЕО
-
Се очекува експерт за ампутации од Словенија, ќе се разгледаат опции за третман на повредените од дискотеката во Кочани
-
По седум години повторно отворен комплексот „Македонско село“
-
Борозан останува во Вардар и следната сезона
-
33-годишно лице нападнато во казино од обезбедувањето на објектот