-->
-->
Баерн и ПСЖ во осминафиналето на ЛШ
-->
По само четири одиграни кола во групната фаза на фудбалската Лига на шампиони, екипите на Пари Сен Жермен и на Баерн Минхен изборија пласман во следната фаза.
ПСЖ синоќа со убедливи 5:0 го совлада Андерлехт за максимални 12 бода, додека германскиот првак Баерн Минхен со триумфот на гостувањето кај Селтик во Глазгов стана недостижен за шкотскиот тим.
До следната фаза на елитното натпреварување од А групата најблиску е Манчестер Јунајтед, кој има шест бода повеќе од Базел и ЦСКА Москва против кои ќе игра во последните две рунди.
И Барселона е речиси сигурен учесник од Д-групата, додека Најнеизвесно е во групата Ц, каде Рома и Челзи имаат поголеми шанси од Атлетико Мадрид и Карабах.
Резултати во 4.коло од Лигата на шампионите:
Рома – Челзи 3:0, Атлетико Мадрид – Карабах 1:1, Базел – ЦСКА 1:2, Селтик – Баерн Минхен 1:2, Манчестер Јунајтед – Бенфика 2:0, Олимпијакос – Барселона 0:0, ПСЖ – Андерлехт 5:0, Спортинг – Јувентус 1:1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје