-->
-->
Азаренка го освои Мајами
-->
Белорусинката Викторија Азаренка го освои Мастерсот во Мајами, откако во два сета (6:3, 6:2) славеше над руската ветеранка Светлана Кузњецова.
Азаренка, која во минатото беше број 1 на ВТА листата, а последните две сезони имаше големи проблеми со повредите, со овој триумф најавува враќање во светскиот врв.
Белоруската тенисерка од почетокот на годината има забележано само еден пораз, во четвртфиналето на Австралија Опен од Анжелик Кербер.
Азаренка со трофејот во Мајами влезе во одбрано друштво, бидејќи стана само третата во историјата на женскиот тенис која во иста сезона ги освоила мастерс титулите во Индијан Велс и Мајами. Претходно тоа го направиле Штефи Граф (1994, 1996) и Ким Клајстерс (2005).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции