Австрија: Курц уверен за коалициски договор со Зелените

Лидерот на австриската Народна партија, Себастијан Курц е уверен во постигнување договор за коалиција со левичарските Зелени во јануари, повеќе од три месеци откако неговата партија освои најмногу гласови, иако не освои мнозинство.
Австриската Народна партија (ОВП) освои 37,5 проценти од гласовите на изборите на 29 септември, што значи дека е потребен коалициски партнер за да има мнозинство во Долниот дом на Парламентот.
Разговорите со Зелените траат далеку подолго од преговорите за воспоставување на последната коалиција Курц со екстремно десничарската австриска Слободарска партија (ФПО) во 2017 година.
Двете страни потврдија дека меѓу нив ср уште има големи разлики, но Зелените рекоа дека не брзаат.
„Сакам да го сторам тоа на почетокот на јануари“, рече Курц за Кронен Зајтунг.
Весникот објави дека конечниот договор за коалиција ќе биде претставен пред јавноста, најдоцна 11 јануари, додека Кронен Зејтунг пишува дека доколку се оди според планот, новата влада ќе положи заклетва до средината на јануари.
Еден од приоритетите на Зелените е прилагодување на даноците за да може со даночната политика што подобро да се рефлектира штетното влијание на одреедени стоки врз животната средина.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
