Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип

Австриското Министерство за здравство ја прогласи целата земја за ризична област за птичји грип, воведувајќи нови, построги, безбедносни мерки кои стапија на сила денеска.
Новите мерки стапуваат на сила откако пред една недела избувна птичји грип во областа Амштетен, во Долна Австрија, што доведе до првична евтаназија на околу 18.000 животни.
Според извештаите на министерството, околу погодените фарми е поставена заштитна зона во радиус од три километри.
Евроњуз пишува дека австриската армија од денеска започнува мисија за помош во Амштетен, каде ќе ги отстранува мртвите животни и ќе ги деконтаминира камионите и контејнерите во кои се пренесувала заразена живина.
Птичјиот грип е многу заразна вирусна болест која се јавува главно кај живината и дивите водни птици, но пренесувањето на луѓето се уште е ретко.
Ново на Сител
-

Прв сериски убиец за фемицид во Македонија, 4 убиства и два обида за убиство
-

Извештајот за евентуални непотребни операции на срце нема да биде јавно објавен, Алиу го достави до Обвинителството
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
-

Повторно е отворена народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопје
-

Нашата земја нуди квалитетни горива
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
