Австралија се пржи на +50, а Америка замрзнува на -50
Америка ја погоди арктички леден бран кој ја симна температурата на минус 50 Целзиусови, поради што градовите на средниот запад скоро престанаа да функционираат, а екстремните студови досега однесоа неколку животи.
На другата страна на планетата, во Австралија и на Нов Зеланд, се забележани високи температури поради кои асфалтот се топи.
Додека на северната хемисфера Америка се бори со снег и студ, на јужната е целосна спротивност. Разликата во температурите на јужната и северната хемисфера, изнесува дури 100 степени.
Во двата дела на светот времето „полуде“, но всушност контрастот е застрашувачки. Додека на луѓето на средниот американски запад им се препорачува што да прават за да ги преживеат екстремно ниските температури, живите суштества во Австралија и на Нов Зеланд минатата недела се соочиле со историски жежок бран и пожари предизвикани од истиот.
Се очекува дека делови од САД до крајот на седмицата ќе бидат зафатени од многу ниски температури кои ќе се спуштат и до минус 53 степени, предупредуваат метеоролозите. Австралија се борела со топлотниот бран кој траел со денови, а последиците биле многу сериозни. Луѓето барале спас од горештините на плажите ширум земјата.
Во Чикаго вечерва била измерена температура од -30 степени Целзиусови, што е постудено отколку во некои делови на Антарктикот. Во местото Гранд Форкс во Северна Дакота, вечерва биле измерени -54 степени. Рекордно високата температура ја зафатила цела Австралија, посебно западот, каде биле измерени и 50 степени Целзиусови.
Колку е навистина студено во Америка, зборува и податокот дека дошло предупредување од метеоролозите дека на толку ниски температури е можно замрзнување по изложеност од само 10 минути. Исто така, работниците од чикашката железничка мрежа почнале да ги палат шините за да се загреат и да го спречат снегот и мразот да го блокираат сообраќајот и градот. Во Австралија поради горештините умираат животни, а минатата недела биле пронајдени 90 диви коњи кои починале поради жешкиот бран.
Ново на Сител
-

Андоновски: До крајот на годината околу 30 нови електронски услуги, плус 30 преку ЕУ
-

МНРиНТ: Бугарското МНР сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политичари, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог
-

Прекинато водоснабдување во населбата 11-ти Октомври во општина Кисела Вода
-

Анкета: Рејтинот на Трамп падна на историско ниско ниво по настаните во Минеаполис
-

Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана
-

УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски
-

Се утврдува актуелната состојба и реалните можности за Скопското кале да се отвори и стави во активна културна функција
-

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот
