Loading Video...
Свет
27. January 2026 - 12:12

Преглед на вестите од светот

Американскиот претседател Доналд Трамп не се откажува од мировниот процес во Украина и останува длабоко вклучен во него, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. Таа рече дека Трамп во моментов нема закажани телефонски разговори со руските или украинските лидери. Трилатералните разговори меѓу САД, Русија и Украина ќе продолжат в недела, 1 февруари, во Абу Даби.

Најтешката точка за време на разговорите меѓу делегациите на САД, Русија и Украина во Абу Даби во петокот и саботата беше територијалното прашање, а меѓу другото, беше разговарано и за создавањето тампон зона, објавија руски медиуми. Зеленски во својата вечерна изјава додаде дека би било добро да се продолжат овие разговори дури и пред недела.

Руски беспилотни летала и ракетни напади во понеделник го погодија Харков со што прекинаа снабдувањето со електрична енергија на 80% од градот и околниот регион. Беа погодени станбени згради, училиште и градинка, соопштија локалните власти. Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, рече дека „енергетски центар“ бил цел на нападот во градот, бидејќи ноќните температури се спуштиле на -14 степени.

Две лица се повредени, а постојаната закана од воздушни напади ги комплицира напорите за поправка.

Израелската војска соопшти дека ги пронашла останките од последниот преостанат заложник држен во Газа. Полицаецот Ран Гвили – бил држан повеќе од 840 дена. Пронаоѓањето на останките би можело да го отвори патот за ограничено повторно отворање на преминот Рафах помеѓу Газа и Египет во текот на оваа недела.

Граѓани на Тел Авив се собраа да го одбележат овој момент, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги пофали напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за враќање на израелските заложници држени во Газа,

Силна зимска бура со обилен снег, лапавица и замрзнат дожд со актички студ и натаму е присутна во поголемиот дел од САД. Се проценува дека 157 милиони Американци беа предупредени да се соочат со студ што се движи од температури под нулата. Мобилизирани се повеќето служби за да им помагаат на граѓаните пред се од загрозените категории, а откажани се и голем број на летови – повеќе од 11.000.

Огромни колични нов снег наврнаа и во Торнто, Канада што беше и најавено. Жителите ги чистат патиштата, а паркираните возила се прекриени со снег, а многу летови беа одложени или откажани и во канада. Службениците предвидуваат дека чистењето може да трае неколку дена. Висината на новата снежна покривка во САД е над 30 сантиметри, а во Канада и до 60.

Училиштата во погодените региони останаа затворени, а секако најрадосни беа децата.  Студените и ледени услови ќе продолжат и во следните неколку дена, соопшти Националната метеоролошка служба.

На другиот дел од Земјината топка на јужната хемисфера - во Австралија се бележат високи температури, а во внатрешноста на континентот се измерени и до 48,9 степени што се рекордни измерени. Поради високите температури и организаторите на тенискиот турнир Австралија опен имаат проблеми со програмата.