Австралија ја менува банкнотата од пет долари со ликот на покојната кралица Елизабета
Австралија ќе ја замени својата банкнота од пет австралиски долари на која е портрет на кралицата Елизабета Втора со нов дизајн што ќе ја одразува и почитува историјата на домородната култура на континентот, соопшти денеска Националната банка на земјата.
Одлуката уследи по консултациите со федералната влада, која ја поддржува промената, се вели во соопштението.
Додаваат дека од другата страна на банкнотата, како и досега, ќе има слика од парламентот.
Австралиските власти по смртта на Елизабета Втора соопштија дека ликот на кралот Чарлс Трети нема автоматски да го замени ликот на починатата британска кралица на банкнотата од пет долари и оти може да биде заменет со австралиски мотиви.
Банкнотата од пет австралиски долари е единствената банкнота во земјата што го носи ликот на кралицата.
На австралиските монети мора да стои ликот на британскиот монарх, а на новите монети ќе биде ликот на кралот Чарлс Трети.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта