Авионот на Туркиш се вратил за Истанбул поради лошото време
Во врска со вчерашниот настан за воздухопловот на превозникот „Turkish Airlines“ кој се движел на релација Истанбул – Скопје и во однос на кој медиумите информираа дека имал вкупно пет неуспешни обиди да слета на скопскиот аеродром, М-НАВ АД Скопје ја информира јавноста дека поради лошите временски услови над скопскиот аеродром односно поради појава на кумулонимбусни облаци спомнатиот воздухоплов не можел да слета, туку по одлука на пилотот воздухопловот се вратил на аеродромот на поаѓање Истанбул.
Воедно информираме дека не е точно како што сензационалистички беше објавено на некои портали дека воздухопловот се обидел да слета пет пати, туку видно и од траекторијата која е дадена во прилог на написите кои излегоа низ медиумите покажува дека воздухопловот кружел, чекајќи да се создадат поволни временски услови за слетување на скопскиот аеродром но бидејќи истите не се создале донел финална одлука да се врати на истанбулскиот аеродром.
Во вакви случаи, кога поради неповолни метеоролошки услови воздухопловот не може да слета на саканата дестинација, одлуката за тоа каде и кога ќе слета воздухопловот е исклучиво на компанијата и на пилотот кој е одговорен за безбедноста на летот и патниците во него.
Од страна на Контролорите на летање кои биле на должност, била дадена максимална поддршка и било постапено согласно барањата на посадата.
АД М-НАВ
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена