-->
-->
Авионот на смртта зеде уште една жртва: Загина нуркач кој трагаше по остатоците од паднатото летало во Индонезија
-->
Индонезиски нуркач (48) го загуби животот во потрага по авионот на Лајон ер која се урна неодамна, соопштија денеска официјални лица.
Командантот на потрагата рече дека нуркачот починал поради проблем со декомпресија.
За него се наведува дека бил искусен нуркач и дека учествувал и во акцијата за спасување при падот на авионот на Ер Азија во 2014 година.
Како што се наведува, тој неодамна се вратил од Сулавези каде учествувал во акцијата за спасување откако таа земја беше погодена од разорен земјотрес.
Авионот Боинг 737 на компанијата Лајон Ер се урна во понеделникот, на 29 октомври на летот Џакрата - Пангкал во Јаванското море и притоа сите 189 патници загинаа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер
-
Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс
-
Амнести интернешнл обвинува: Израел ја милитаризира хуманитарната помош заради продолжување на геноцидот
-
Голем пожар во близина на Атина
-
Путин најави телефонски разговор со Трамп
-
На 11 и 12 јули Кратово по осми пат ќе биде домаќин на Фестивалот ‘Златни денови’