Свет
30. April 2016 - 19:20

Авганистанските власти извршија операции против талибанците во 18 провинции

Авганистанските владини сили започнаа операции против талибанските бунтовници во 18 провинции, откако тие ги зајакнаа судирите по почетокот на пролетната офанзива кон средината од овој месец, соопшти Министерството за одбрана.

Операциите, со воздушна и артилериска поддршка, се насочени на области во кои талибанците „агресивно ги предизвикаа“ владините сили, со цел повторно да воспостават контрола врз клучните подрачја.

Во последните 24 часа во источниот дел на земјата се убиени 80 припадници на антивладините сили, меѓу кои и девет членови на Исламска држава, но и шест авганистански војници, се наведува во соопштението на Министерството.