Руската армија најави тридневни воени вежби за ракување со нуклеарно оружје

Руската армија започна тридневни воени вежби и обука за ракување со нуклеарно оружје, со учество на илјадници војници низ целата земја, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Вежбите се први од таков вид во Русија по истекот на програмата „Нов СТАРТ“ во февруари годинава, што беше последниот договор што ги ограничуваше нуклеарните арсенали на Русија и на САД.
„Од 19 до 21 мај вооружените сили на Руската Федерација спроведуваат вежба за подготовка и употреба на нуклеарно оружје во случај на закана од агресија“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.
На маневрите ќе бидат мобилизирани над 65 илјади војници и 7.800 системи на воена техника како и повеќе од 200 ракетни лансери. Во вежбите ќе учествуваат авиони, бродови, подморници и нуклеарни подморници.
Планирани се пробни лансирања на балистички и крстосувачки ракети.
Во соопштението се наведува и дека вежбата ќе ја опфати и заедничката обука за употреба на нуклеарно оружје распоредено на територијата на Белорусија.
МИА
Ново на Сител
-

Лани изградени 3 733 станови, со просечна површина од 75 метри квадратни
-

До крајот на неделава сончево, повремено со дожд и температура до 36 степени
-

СДСМ: Власта донесе катастрофа во земјоделството
-

Од денеска специјална лента само за МТАГ
-

Моника Белучи: Не вреди убавината доколку нема талент за глума
-

САД и Иран постигнаа договор за крај на војната, нафтата падна под 84 долари
-

ЕУ го поздрави договорот меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија
-

„Јажето, луѓе!“: Манекенка загина при банџи скок во Бразил, инструктори го заборавиле безбедносното јаже | ВИДЕО
