-->
-->
АТП: Мареј го напаѓа првото место на Ѓоковиќ
-->
Енди Мареј, во неделата ја освои титулата на Вимблдон и значително ја намали предноста на Новак Ѓоковиќ на АТП листата. Мари предноста во однос на Ѓоковиќ ја намали за речиси 3.000 поени.
Енди Мареј лани на Вимблдон беше елиминиран во полуфиналето, а оваа година победи во финалето и бодовното салдо го зголеми за 1.280 бодови. За разлика од Британецот, Ѓоковиќ не ја одбрани титулата, Вимблдон го напушти по поразот во третото коло, по поразот од Сем Квери и загуби 1.910 бодови.
Ѓоковиќ на првото место на АТП листата има 15.040 бодови, додека Мареј на второто место има 10.195 бодови. Трет на листата е Роџер Федерер со 5.945 бодови, а на четвртата позиција е Рафаел Надал со 5.290.
Стан Вавринка е на петтото (4.720), Кеи Нишикори е шести (4.290), а финалистот на Вимблдон Милош Раониќ остана на седмата позиција (4.285).
Томаш Бердих се врати на осмата позиција (3.490), деветти е Доминик Тим (3.175), а меѓу најдобрите десет повоторно е Жо-Вилфред Цонга (2.995).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата