-->
-->
Атлетико и Манчестер Сити по заверка на пласман во четвртфиналето на Лигата на шампиони
-->

Во фудбалската Лига на шампиони вечерва ќе се одиграат два реванш натпреври од осминафиналето.
Екипите на Атлетико Мадрид и Манчестер Сити кои на првите натпревари против Баер и Монако остварија предност од два гола, вечерва ќе се обидат да го заверат својот пласман во четвртфиналната рунда.
На „Винсенте Калдерон“ во Мадрид, екипата на Атлетико ќе стартува со предност од 4:2 остварена на првиот меч во Леверкузен, додека Манчестер Сити кај Монако отпатува со предност од 5:3 по натпреварот одигран во Англија.
Сепак, имајќи го во предвид подвигот кој го направи Барселона која елиминира 0:4 од првиот меч против ПСЖ, тешко кој може да предвиди дали оваа предност од два гола е доволна за „јорганџиите“ и популарните „гаѓани“.
Сигурно дека резултатот кој го оствари Барселона ќе биде дополнителен мотив за германскиот и францускиот тим.
Двата натпревари ќе започнат во терминот од 20 часот и 45 минути, по кои ќе бидат познати последните два тима кои ќе обезбедат пласман во полуфиналето.
А, таму досега се пласираа: Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Јувентус и Лестер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонска делегација на комеморација за Холокаустот на македонските Евреи
-

Партиите за предлогот Савески да е државен обвинител
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
-

Судијата Ненад Савески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител
-

Телеком со нова понуда за корисниците – Неограничен интернет и роаминг во повеќе земји
-

Судијата Ненад Савески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител
-

Цените на нафтата паднаа, Владата нема да прогласи кризна состојба
-

Мицкоски ќе побара од маркетите да не ги зголемуваат цените на производите
