-->
-->
Атина се надева дека Вашингтон нема да ја смени политиката за долгот на Грција
-->
Грчката Влада ги демантира шпекулациите дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД ќе ја смени надворешната политика на Вашингтон за Грција и претходно дадената поддршка за олеснување на долгот.
- Значењето кое САД и го дава на Грција не е променето, ја цитират грчките медиуми изјавата на владин извор.
Истиот извор истакнал дека исходот од гласањето не влијае на важноста на планираната посета на американскиот претседател Барак Обама на Атина следната недела.
Извори од грчката Влада претходно изјавија дека официјална Атина била „подготвена за двете можности на претседателските избори, со оглед на неуспехот на компаниите кои вршат испитување на јавното мислење во последните години“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги