Атина ќе започне постепено повлекување на бегалците од Идомени

Грчката Влада ќе започне постепено повлекување на бегалците од границата со Македонија, објави грчкиот весник „Етнос“, додавајчи дека Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас веќе изработил акциски план и планира да почне со негово спроведување.
Целта е имигрантите што побрзо да бидат сместени во прифатните центри и да не се користи насилство во текот на процесот.
Според последните информации, бројот на имигранти во Идомени во моментов изнесува 14 илјади.
По повод масовното навлегување на бегалците во Македонија од кампот во Идомени, Ципрас изјави дека Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и невладините организации треба „да го контролираат ширењето на лажните информации меѓу имигрантите“.
Ципрас им порача на бегалците во Идомени да се откажат од обидите да останат во регионот, бидејќи балканската рута нема да биде повторно отворена.
Состојбата во Идомени, весникот „Прото тема“ ја споредува со ситуацијата во пристаништето Пиреја, каде секој ден пристигнуваат се повеќе бегалци од островите. Во моментов нивниот број е 3.400, а се очекува да пристигнат уште.
Грчкиот весник наведува и дека холивудската актерка Анџелина Џоли ја откажала за денеска најавената посета на островот Лезбос, каде требаше да допатува во својство на амбасадор на добра волја на ОН.
Таа требаше да посети два бегалски кампови на островот, кој е најмногу погоден од бранот на имигранти кои доаѓаат од Турција.
Според непотврдени информации, денеска попладне Џоли ќе го посети кампот Идомени, откако ќе пристигне во Солун.
Ново на Сител
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
