Астероид со неправилно движење близу Јупитер
Сончевиот Систем се уште крие многу изненадувања за луѓето. Последното од нив е откривањето на „непослушен" астероид околу Јупитер, пишува порталот „Саенс Њуз“.
Повеќето природни сателити, астероиди и други помали тела што орбитираат околу планетите во целата галаксија, кружат во истата насока како онаа на самата планета, којашто кружи околу некоја ѕвезда. Ако тоа не е така, теоријата вели оти помалото вселенско тело ќе „излезе" од орбитата и ќе стане независен објект.
Сепак, новото отритие ја доведувва таа теза во прашање. Астероидот кој беше скоро забележан од астрономите, го обиколува Јупитер во насока обратна од движењето на самата планета.
Се разбира, ова ги покренува прашањата - како движењето на телото останало стабилно, како тоа не „излегло" од орбитата на Јупитер?
Некои научници претпоставуваат дека се работи за „среќа“ и случајност. Тоа што патеката на астероидот е спротивна на онаа на Јупитер, создава баланс меѓу привлечната и одбивната гравитациска сила, којшто всушност и го задржува астероидот околу Јупитер.
Можно е да има и други вакви ретроградни придружни вселенски тела, сметаат научниците.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка