-->
-->
Асад: Сирија има цел повторно да ја воспостави контролата на северната граница
-->
Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави денеска дека Сирија има за цел повторно да ја воспостави контролата врз подрачјата во северниот дел од земјата, што ги држат Курдите, по изненадувачкото повлекување на американските војници,но потенцира дека тоа ќе се прави постепено.
Британските медиуми пренесуваат дека Асад, во интервју за државната телевизија, кажал дека за постигнување на оваа цел ќе придонесе и договорот меѓу претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, за повлекување на курдските сили од зоната за безбедност во длабочина од 30 километри од турската граница. Тој додаде дека од Курдите не бара веднаш да го предадат оружјето, кога сириската војска ќе навлезе во подрачјата под нивна контрола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Путин е свесен дека се можни нови американски санкции
-
Најмалку 24 загинати во поплавите во Тексас, меѓу нив и деца
-
Зголемен интензитетот на сообраќај, на „Табановце“ и „Богородица“ се чека до 40 минути
-
Амнести: Властите во Србија мора да ја прекинат незаконската употреба на сила против демонстрантите и да истражат пријави за полициско насилство
-
Денеска многу топло, до 41 степен, надлежните препорачуваат мерки за заштита
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата