Асад: Ослободувањето на Алепо е победа за сите

Oслободувањето на Алепо е победа не само за Сирија, туку и за сите, кои се борат против тероризмот, пред се за Русија и Иран, изјави денеска сирискиот претседател Башар ал Асад, јави ТАСС.
Асад ова го изјави на средба со иранскиот заменик-министер за надворешни работи Хосеин Џабер Ансари, кој е во посета на Дамаск.
Сирискиот претседател нагласи дека победите на бојното поле се важен чекор на патот кон ставање крај на тероризмот на целата територија на Сирија и создавање на поволни услови за прекин на војната.
Руските воздушни напади и милициите, поддржани од Иран одиграа клучна улога во извојувањето победа на сириските владини сили во Алепо, некогаш најнаселен сириски град и економски центар на земјата.
Се очекува последните бунтовници да го напуштат Алепо во следните 24 часа.
Над четири илјади борци се евакуирани од источниот дел на град во текот на изминатите 24 часа, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
Не е познато колку точно луѓе остануваат во бунтовничката енклава во Алепо, а МКЦК прогнозира дека евакуацијата ќе заврши утре.
Ново на Сител
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
-

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
-

Дваесет и пет години од најголемиот терористички напад врз САД на 11 септември
-

Опозицијата ќе поставува прашања на премиерот и на министрите
-

Трамп: Не се каам за војната со Иран и не верувам во зборот „каење“
-

Холандски автобус со 48 лица се преврте во Швајцарија, има загинати и повредени
-

Изборите во Србија на 25 октомври ќе бидат најтешката битка во политичката кариера на националистот Вучиќ
-

Сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени
