Арта Точи од Алијансата на Албанците нова пратеничка на местото на Мемеди
Арта Точи од Алијансата за Албанците ќе биде нов пратеник во Собранието на Република Северна Македонија на местото на Весел Мемеди од НДП, чија оставка беше констатирана на денешното пленарно заседание. Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ќе го потврди мандатот на Точи како нова пратеничка.
Точи беше на листата на тогашната коалиција на Алијанса за Албанците во шестата изборна единица, која ја сочинуваа НДП-Движењето за реформи на Зијадин Села и Унитети на Гзим Острени.
Таа е поранешна заменик-министерка за надворешни работи во периодот по формирањето на Владата на премиерот Зоран Заев до крајот на декември 2017 година. Од ова место замина откако нејзината матична партија излезе од владејачката коалиција.
Алијансата на Албанците по верификацијата на мандатот на новата пратеничка, во Собранието на Република Северна Македонија ќе има тројца пратеници – Зијадин Села, Сурија Рашиди и Арта Точи.
Ново на Сител
-
Дејвис куп: Македонија стартуваше со максимални 3:0 против Малта
-
Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани
-
Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат
-
Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11
-
Црвениот тепих од Канскиот фестивал се продава по едно евро за килограм
-
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
-
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
-
ЈСП Скопје: Средношколците имаат право на бесплатен јавен превоз за време на летниот распуст