Арсовски: Најмалку 7 луѓе треба кривично да одговараат за рекетот и фалсификувањето изјави во МВР и ЈО
Во 2018 и 2019 отворивме тема на која лично имам зборувано многу пати, за улогата на семејството Заеви, конкретно Вице Заев, СВ Инвест, Стојан Чифлигароски, Васко Ковачевски и многу други, во криминалот во РЕК Битола и перењето на милиони евра, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Денеска сме сведоци на криминал до гуша на фамилијата Заеви, каде што 2 случаеви се клучни кои денес беа објавени.
Најпрвин во пријавата во МВР, се гледа дека Вице Заев преку своите битолско-струмички паљури барал рекет од 250.000€ и потоа ја избркал фирмата која не му била по желба од РЕК Битола на сила и ѝ нанел штета од 500.000€. Класичен рекет за во затвор, каде што 5-6 луѓе треба одма да одат во затвор, на чело до Вице.
Второто криминално дело е менувањето и фалсификувањето на изјавата на оштетените, каде што некој се обидел да ја скрие пријавата за Вице, кој што барал 250.000€.
Значи да сумираме, за овие 2 дела, следниве луѓе треба да излезат пред лицето на правдата и тоа веднаш:
-Вице Заев
-Васко Ковачевски
-Стојан Чифлигароски
-Лазе Велковски
-Оливер Спасовски
-Вилма Русковска
-Љубомир Јовевски
П.С. Ме прашуваа денес одредени новинари, дали името СВ Инвест значело –
Стојан; Вице Инвест, па еве јавно да упатам прашање, дали СВ е иницијали на овие двајца луѓе?
П.С.С Вице се жали и плаче дека Мицкоски му се заканувал и дека ќе одговарал. Погрешно разбрал, не е закана, вистина е.
Ќе одговараш!“ напиша Арсовски.
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
