Арсовски: Филипче и Заев под итно да си дадат оставки, а не да апсат граѓани кои мирно протестираат
На денешната прес конференција портпаролот Димче Арсовски беше запрашан за коментар во врска со оставките на Венко Филипче и Зоран Заев за горењето на модуларната болница во Тетово и сето она кое што се случи вчера на протестите.
„Наш коментар околу тоа е следниот, Венко Филипче и Зоран Заев наместо да си дадат оставки тие дефокусираат и апсат луѓе кои што мирно протестираа. Венко Филипче и Зоран Заев треба да си дадат веднаш оставка, за да може истрагата да се одвива непречено, да не влијаат. Наместо тоа, не треба да апсат граѓани кои што мирно протестираат, а со тоа и да дефокусираат од нивните оставки“, истакна Арсовски.
Арсовски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка до граѓаните кои протестираат, бидејќи со право протестираат поради незадоволството од досегашната истрага која што се случува, односно која ја контролираат Венко Филипче и Зоран Заев.
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
