Арсовски: Дали комбето во кое е фатена дрогата е во сопственост на фирма на Заеви?
На повидок е нова афера “Картелот Заеви”.
Иако МВР молчи и е во паника, неофицијалните информации кои стигаат до нас е дека запленета е дрога од ДЕА во вредност од 800.000€, во бело комбе со грчки таблици, во сопственост на фирма која е партнер во битолската фирма за канабис “Медикал 420”.
Пратечките возила на дрогата биле управувани од возачот на Трајче Заев (прв и најблизок братучед на Премиерот Заев) и Кире ‘Чипсио’ Спиркоски кој е близок до СДСМ и Оливер Спасовски и е командир на ПС Прилеп.
Ниту една случајност, туку напротив, сѐ упатува до семејството, кои веќе се картел, Заеви и секако до власта на СДСМ.
Прашањето кое во најбрз можен рок мора да биде одговорено од властите е дали во фирмата “Медикал 420” со чие возило се возела дрогата од блиските луѓе на Заеви, сопственички удел преку своја фирма имаат Трајче Заев и Бобан Заев???
Дополнително, да потсетам дека фирма со име “Медикал 420БГ лтд” од овие двајца (Заеви) беше отворена уште на 20.05.2019 година во Петрич. За овие фирми на семејството Заеви во Бугарија јас лично имам говорено јавно.
Дали ова е случајност или не?
Да бидам директен, дали комбето во кое е фатена дрогата е во сопственост на фирма на картелот Заеви???
ПС: После ова нема преговарање за помала казна како во филмовите “Наркос” и “Ел Чапо”. После ова паѓате како круши и ‘фино-поштено’ си лежите робија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти