Арсенал победи на гостински натпревар во Лигата на шампионите за прв пат по 2016 година
Арсенал синоќа ја совлада Севилја со 3:1 во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Средбата се одржа на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја.
Според прес-службата на УЕФА, „Топчиите“ извојуваа победа на гостински терен во Лигата на шампионите за прв пат по 6 декември 2016 година. Тогаш лондонскиот тим го победи Базел со 4:1.
- Навистина ми е драго што победив овде, бидејќи во изминатите 10 години малку тимови во Европа успеаја во ова. Многу ми се допадна како играше тимот, особено во првите 60-65 минути, бидејќи одигравме токму онака како што сакавме. Откако водевме со 2:0, требаше да постигнеме трет гол, имавме шанси, истакна Артета.
Во поредокот во групата Б води Арсенал со шест бодови, Ленс има пет, Севилја и ПСВ собраа по два бода.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
