Армијата ќе го брифира Пендаровски за борбената готовност
Началникот на армискиот Генералштаб, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска ќе го информира претседателот и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски за борбената готовност и за степенот на реализација на плановите и задачите на Армијата во текот на 2022 година.
Брифингот, кој е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот пред врховниот командант, е со цел претставување на состојбата во областите кои имаат влијание на борбената готовност на Армијата во тековната година. На брифингот ќе присуствуваат и министерката за одбрана Славјанка Петровска, претставниците на Кабинетот на претседателот и генералите во Армијата.
– Претседателот Пендаровски подетално ќе биде запознаен со степенот на реализација во функционалните области: персонален менаџмент, морал, операции во земјата и странство, обука и вежби, логистичко обезбедување, планирање, врски и комуникации, буџетирање и цивилно-воена соработка, информираат од Министерството за одбрана.
Ново на Сител
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни
-
Американски турист пронајден мртов на остров во близина на Крф, исчезнаа уште тројца туристи
-
Шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа
-
Лидерите на ЕУ на неформална средба ќе расправаат за избор на носителите на врвните функции во Унијата
-
Столтенберг во посета на САД и Канада
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и топло, температурата до 36 степени
-
Мажите мора да служат војска | Димитар Атанасовски | Лабави муабети | Sitel Podcast 44