Аритон Ала е нов заменик-претседател на Судски совет на РСМ
Членовите на судскиот совет на РСМ го изгласа Аритон Ала за заменик-претседател. Тој беше избран неколку дена пред истекот на мандатот на Ханиф Зендели, бидејќи како што беше кажано во дискусиите на 524-та седница на Судскиот совет следува период на годишни одмори и отсуства на членовите. Претседателот Камбовски напомна дека функцијата на заменик-претседател на судски совет истекува на 8 јуни и потребно е да се гласа денес. Ала беше предлог на Камбовски и единствен предложен кандидат. Мандатот на новиот заменик-претседател ќе важи од 9 јуни.
Судскиот совет на последната седница го разгледа извештај на Комисијата по оглас за избор на судии за апелациски суд Штип, каде само една пријава не била комплетна. Според извештајот, на конкурсот за тројца судии во Виш управен суд за три места имало само една пријава. Комисијата за проверка на комплетноста и доставата на документите констатираше дека нема пријавено кандидати за претседател на судовите во Берово, Делчево и Радовиш по огласите кои беа објавени.
Советот донесе одлука за објавување на нов оглас и формирање на комисија.
На предлог на судијата Селим Адеми предлогот за формирање на Комисии на известители по барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд Дебар, Гостивар, Свети Николе се пренесе за наредна седница.
Ново на Сител
-
Трамп вели дека Пауел од ФЕД треба да поднесе оставка
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова: Илинден е сржта на македонската историја, срцето на македонската република
-
Новата сезона во Првата фудбалска лига стартува во петок со два натпревара
-
Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје
-
Претпладне сончево, попладне нестабилно со краткотраен пороен дожд
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје по повод Илинден
-
Собраниски делегации на Илинден во Пелинце, Скопје и Крушево
-
Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати