-->
-->
Аргентина нема да го брани трофејот во Дејвис купот
-->

Тениската селекција на Аргентина нема да има можност да го брани трофејот во Дејвис купот освоен минатата година, откако во осминафиналето „гаучосите“ се елиминирани од Италија.
По голема борба во дуелите со италијанските тенисери, Аргентинците загубија со 3-2 во победи со што не успеаја да се пласираат меѓу осумте најдобри.
Во решавачкиот пети меч, кој траеше 4 часа и 15 минути, иако домашниот тенисер Гуидо Пела ги доби првите два сета со 6:2, 6:4, сепак Фабио Фоњини не се предаде и успеа да направи комплетен пресврт па следните три ги доби 3:6, 6:4 и 6:2, за со конечни 3-2 во сетови да и ја донесе на „Аѕурите“ третата победа во дуелите со Аргентина.
Италија во четвртфиналето ќе игра против селекцијата на Белгија која пак во осминафиналето беше убедлива во дуелите против Германија (4-1).
Потсетување дека во осминафиналето, беше елиминиран и минатогодишниот финалист Хрватска селекција која загуби од Шпанија со 3-2. Шпанците за противник во четвртфиналето ќе ја имаат Србија, а во другите два дуели ќе играат, Австралија – САД и Франција – Велика Британија.
Четвртфиналните натпревари ќе се играат од 7 до 9 април.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
