Арагчи: Прекумерните барања на САД доведоа до неуспех на преговорите

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денека, за време на телефонскиот разговор со неговиот француски колега Жан-Ноел Баро, изјави дека неуспехот да се постигне договор во преговорите меѓу Иран и САД, со посредство на Пакистан, се должи на прекумерните барања и промените во позициите на Вашингтон.
„Исламската Република Иран, и покрај апсолутната недоверба кон американската страна, влезе во преговорите со одговорен пристап и добра волја. Иако беше постигнат напредок во процесот на преговори по многу прашања, прекумерните барања на американската страна и постојаните промени во нивните барања го спречија постигнувањето договор“, рече Арагчи, според иранските медиуми.
Францускиот министер за надворешни работи ја повтори поддршката на неговата земја за дипломатски пристап кон прекинување на војната и изрази надеж дека продолжувањето на дијалогот ќе доведе до конечен договор.
На 11 април во Исламабад се одржаа преговори меѓу американската делегација предводена од потпретседателот на САД Џеј Ди Венс и иранската делегација предводена од претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Калибаф, но не беше постигнат договор за траен мир.
Во конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, кој започна на 28 февруари, откако преговорите за иранската нуклеарна програма не успеаја да постигнат договор, на 8 април беше постигнат договор за двонеделен прекин на огнот, што му овозможи на Пакистан да посредува во преговорите во Исламабад.
За време на овие разговори, Иран презентираше план од десет точки, кој бараше повлекување на американските трупи, укинување на санкциите и контрола на Ормуската Теснина, додека САД бараа, меѓу другото, целосно отворање на теснината и прекин на нуклеарната програма на Иран.
МИА
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
