Арагчи: Иран останува посветен на дипломатијата, но ќе продолжи да дејствува во самоодбрана

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека неговата земја останува посветена на дипломатијата, но ќе продолжи да дејствува во самоодбрана против Израел.
- Иран дејствува само во самоодбрана. Дури и во најскандалозната агресија против нашиот народ, Иран досега одговори само на израелскиот режим, а не на оние кои го помагаат и го поттикнуваат, напиша Арагчи на социјалната мрежа „Х“. „За разлика од нелегитимниот, геноциден и окупаторски израелски режим, ние остануваме посветени на дипломатијата“, додаде тој.
Претходно, ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори, напиша дека Арагчи може да се сретне во Женева утре со министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Велика Британија. Шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, пред неколку дена изјави дека Берлин, Париз и Лондон се подготвени за директни преговори со Техеран во врска со иранската нуклеарна програма.
Ново на Сител
-

Садула Изаири од тетовскиот суд освои најмногу гласови за член на Судски совет
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Финансиска полиција со кривична против претседателот на Регулаторна, Бислимовски тврди дека постапките биле законски
-

ИЈЗ: Се намалува бројот на болни од грип, но ширењето на вирусот се уште е со среден интензитет
-

Камионџиите ја прекинуваат блокадата на границите, иако ЕУ не понуди брзо решение
-

Кривична за Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-

Европската унија допрва ќе го решава проблемот на камионџиите
-

СДСМ со закон ќе бара 600 евра минимална плата
