„АР Керни“: Во Србија расте потрошувачката, пазарот лани вредел 20 милијарди долари
И покрај политичката нестабилност и тоа што Србија е една од најсиромашните земји во Европа, малопродажниот пазар се подобрува и покрај забавениот економски раст во однос на минатата година, растот на малопродажбата во 2019 година ќе биде 4,1 процент, се вели во истражување на компанијата АТ Керни, објави „Данас”.
Пазарот на малопродажба во Србија минатата година вредеше 20 милијарди долари, а на списокот на АТ Керни што го мери развојот на глобалниот пазар на мало, Србија скокна за осум места во однос на 2017 година.
Според истражувањето, српските граѓани најмногу трошат на храна и безалкохолни пијалоци – 9,2 милијарди американски долари.
Пазарот на облека и обувки, исто така, се очекува да расте со оглед на ширење на H&M, Inditex (Zara) и LLP, додека присуството на ИКЕА, Emecet и Minio може да ја зголеми потрошувачката во тој сектор на 5,3 до следната година.
И покрај тоа, електронската трговија се очекува да се зголеми за 9,6 проценти. Приходите од електронска трговија на тој начин би можеле да достигнат 510 милиони американски долари до 2023 година, со електроника и медиуми со најголем удел во овој раст. Иако српските граѓани трошат во просек 61 долари за е-трговија, АТ Керни проценува дека во следните две години, бројот на онлајн купувачи од Србија, сега 2,9 милиони, би можел да се зголеми за еден милион.
Ново на Сител
-

Хамилтон: Се чувствувам одлично во Ферари
-

По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево
-

Омерагиќ: Честитки до фудбалерите, стручниот штаб и раководството на Силекс
-

Енрике за Арсенал: Во играта без топка, тие се најдобриот тим на светот
-

Сан Антонио и Њу Орлеанс ќе играат во Париз и во Манчестер
-

Унгарската владејачка партија предлага ограничување на премиерскиот мандат на осум години
-

Кајли Миног за борбата со ракот: Траумата сè уште ме прогонува
-

Белгија покрена судска истрага во врска со случајот со наводното „човечко сафари“ во БиХ

