Апсење на „Александар Велики“

На граничниот премин Аеродром „Александар Велики“-Скопје вчера во 13 часот на излез од Република Македонија, се пријавил Т.Х. (26) од Косово. По извршената пасошка контрола и проверка во општата евиденција утврдено било дека влез во Македонија остварил дента на граничен премин „Табановце“ и му бил побаран документ со кој бил можел да оствари влез во Швајцарија каде одел. Тој приложил италијанска лична карта за која униформираните полициски службеници се посомневале дека е фалсфикувана односно во серискиот број првиот број бил сменет. Врз лицето е извршен личен преглед и преглед на багажот, при што во неговиот паричник се пронајдени италијанска возачка дозвола и италијанска здравствена легитимација кои исто така биле фалсификувани. Од извршениот разговор било утврдено дека горенаведените италијански документи се фалсификувани, а тој ги купил од непознато лице во Република Албанија за сума од 500 евра. Во 16:35 часот, со потврда за предавање на лице бил предаден на полициски службеници од ОПКМ-РЦ-Север за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
-

Народниот правобранител нотира - ниту еден затвор нема 24-часовна здравствена служба
-

Постизборна Србија: Студентите бараат чистка во медиумите
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања
