Апсења во Германија по нападот во Брисел
Германската полиција уапси двајца осомничени за врски со терористичката група што ги изврши нападите во Брисел во вторникот, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според неименувани извори на весникот „Шпигел“, еден од уапсените е приведен во средата во близина на Франкфурт.
Тој пред нападите во Брисел примил две пораки преку мобилен телефон во кои се споменувало името на Калид Ел Бакрауи, терористот кој ја активира бомбата во бриселското метро.
Германското Министерство за внатрешни работи не ги потврдува наодите на весникот, според кои, примените пораки го содржеле зборот „крај“ на француски и биле примени три минути пред експлозијата во метро станицата Мелбек во Брисел.
Засега нема детали за идентитетот на вториот уапсен за врски со напаѓачите во Брисел.
Германските безбедносни служби предупредуваат дека со оглед на развиената мрежа на ИД во Европа, не може да се отфрли можноста од нови терористички напади вклучително и на локации во Германија.
Ново на Сител
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста