Апелација за „Поткуп“ ќе се произнесе дополнително

Апелацискиот суд Скопје денеска одржа јавна седница на која ја разгледа жалбата на одбраната на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, која бара видео снимките од посебните истражни мерки да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“. Советот по оваа жалба, како што најави, ќе се произнесе дополнително.
Претседателот на Советот, судијата Сафет Кадрии на почетокот на денешната седница образложи дека разгледувањето на жалбата било одложено на неопределено време поради тоа што претходниот судија известител за овој случај бил избран за судија на Врховен суд по што случајот паднал на друг судија кој, како што рече, барал изземање од случајот за потоа Советот да се состане во денешниот состав.
Адвокатите на Заев пред судот посочија дека доказите од ПИ-мерките не им биле приложени на увид, поради што и не можеле соодветно да ги разгледаат. Според нив, конкретниот доказ е спорен поради тоа што е прибавен со изнудување од агент-провокатор во деловен простор и за тоа немало судска наредба. Дополнително, според нив, е направен прекршок и со нивното објавување во медиумите од страна на службено лице кое имало пристап до истите, а со самото објавување, како што посочија, била прекршена и презумпцијата на невиност на обвинетиот.
Вишиот јавен обвинител Јове Цветановски жалбите на одбраната ги отфрли како неосновани и посочи дека доказот е законски прибавен и судот тоа го утврдил.
Заев во случајот „Поткуп“, како поранешен градоначалник на Општина Струмица, е осомничен за барање и за земање поткуп во висина од околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев, во врска со легализација на земјиште.
Ново на Сител
-

Кумановци одбележуваат 82 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош
-

Измамена 76-годишна жена од Битола за 7 000 евра
-

Ѓорѓиевски: Скопје добива нов лик, интензивно се работи на клучката кај „Момин Поток“ и на „Љубљанска“
-

Арагчи: Иран би можел да нападне американски бази како одговор на потенцијален напад
-

Саудиската лига губи милијарди по заминувањето на Фокс спортс поради контроверзноста околу Роналдо
-

Приведен скопјанец, од фирмата каде е вработен одзел близу три милиони денари
-

Истражна постапка против три лица за „злосторничко здружување“, определен притвор
-

Меси прогласен за играч на годината во МЛС во изборот на „Гол“
