Македонија
26. December 2018 - 11:08

Апелација ја укина пресудата за Ѓоко Поповски, случајот вратен на повторно судење

Укината е првостепената пресуда за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство и случајот е вратен на повторно судење, потврдија за МИА од Апелацискиот суд во Скопје. Одлуката, како што информираа од Апелација, е донесена минатата недела.

Во овој случај, што се однесува на набавката на возила за потребите на Министерството за внатрешни работи, на девегодишна затворска казна е осуден поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.

Поповски, како што напишаа дел од медиумите, е префрлен од затворот „Идризово“ во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи второстепениот суд му одредил мерка притвор.
 
Пресудата за затворската казна на Поповски беше донесена во мај годинава.