АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Млада мајка на две деца во приватна болница се бори за живот по убод од инсект
Младата крушевчанка Ирена Богданоска од понеделникот е во кома, откако ја каснал инсект и се наоѓа во приватна болница во Скопје, каде се бори за живот.
Лекувањето чини 1500 евра дневно, нешто што нејзиното семејство не може да го дозволи и отворена е донација на социјалните мрежи за Богданоска да оздрави и повторно да се врати кај нејзиниот сопруг и двете дечиња.
„Состојбата со мојата Ирена е многу лоша. Без размислување ја пренесовме во Систина, каде цела болница се бори за нејзиниот живот. Ја касна некаков инсект и за една минута падна во кома. Ги замолувам сите кои можат да донираат, за Ирена да ни се врати повторно дома“, истакна нејзиниот сопруг.
Сите хумани граѓани, можат да донираат на трансакциската сметка: 200002068391811; Банка: Стопанска Банка; Име: Веле Богдановски.
Ново на Сител
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
-

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
-

Бела прашкаста материја и марихуана пронајдени во испратен пакет за осуденик од КПУ „Идризово“
