Македонија
4. December 2025 - 17:50

Апел за донации: Потребна е помош за лекувањето на малата Милена

Милена, девојче кое секојдневно се соочува со тешка и неизвесна битка, има потреба од поддршка за да ја добие шансата за подобро утре. Нејзината мајка, во искрен и потресен апел, ја споделува семејната борба и ги повикува сите хумани луѓе да помогнат – било со донација, споделување или збор на поддршка. 

„Да се обединиме и да ѝ ја дадеме на Милена шансата што ѝ е неопходна! – ова не е само моја желба, туку мојот апел до сите добри луѓе. Секој ваш денар, секое споделување, секој збор на поддршка е светлина на патот кон нејзината иднина“, стои во текстот напишан од мајката на Милена.

Донациска сметка во Македонија:
210700000696305 
НЛБ Тутунска банка

Друг начин на донација е преку онлајн-платформата на следниот линк.

Во скоро време ќе бидат отворени и телефонски линии за донации, за сите кои сакаат да помогнат и на тој начин.