-->
-->
Антонио Гутереш во Ирак ќе ја проучува хуманитарната ситуација
-->

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска пристигна во Ирак за да ја проучи хуманитарната ситуација во земјата.
Тој на Твитер како „апсолутен приоритет“ ја оцени заштитата на цивилното население во Мосул, кое се најде во ќорсокак заради борбите против групата Исламска држава, пренесоа француските медиуми.
Гутереш во Ирак дојде од Јордан, каде учествуваше на годишната средба на Арапската лига.
Во Багдад тој ќе има разговори со највисоките ирачки лидери, вклучувајќи го и премиерот Хајдер ал Абади. Потоа шефот на светската организација ќе отпатува за северниот град Ербил, главниот град на автономниот регион Ирачки Курдистан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
-

Тошковски: „Мазут“ ќе ја фрапира јавноста
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
