Антологија на песни посветени на поетесата Даница Ручигај
„Недореченост, о проклета да си“ е насловена антологијата на песни посветени на Даница Ручигај, првата македонска поетеса и основоположничка на т.н. женско писмо во македонската поезија и литература воопшто. Антологијата е објавена по повод 55 години од нејзината трагична смрт во скопскиот земјотрес во 1963-та, а ја приредија новинарите Свето Стаменов и Искра Чоловиќ.
Тие наведуваат дека изданието е своевидна антологија на факсимили на рачно напишани песни и како таква можеби досега е единствена во македонската литература.
- Антологијата содржи 67 песни на педесетина поети, нејзини содружници и наследници, кои секој на свој посебен начин и искажуваат љубов и почит за сето она што таа и го дари на поезијата. А, љубовта и почитта во „Недореченост, о проклета да си“ тие не ја искажуваат само преку секој свој стих, туку и со благородниот чин своите песни да ги напишат рачно, онака како што впрочем Даница најчесто ноќе, чувствувајќи ги поривот и крикот на поезијата во себе, рачно запишувала стихови од кои се раѓале песните од нејзините две стихозбирки „Сребрени ноќни игри“ (1960) и „Заробеници на ветрот“ (1963), истакнуваат приредувачите.
Во вториот дел на антологијата, насловен „Меридијани“, содржани се четириесетина препеви на нејзини песни на шеснаесет јазици, почнувајќи од најстарите кои датираат од крајот на 1950-тите години, па до најновите, од кои најголем дел се направени само за оваа антологија и првпат се објавуваат во неа.
- Така, покрај препевите на нејзините песни на српски, хрватски, англиски и турски јазик што беа објавени во антологии и списанија, во оваа антологија првпат може да се прочитаат нејзини песни, но и да се видат факсимили на рачно напишани препеви, и на словенечки, руски, италијански, германски, шпански, бугарски, албански, унгарски, романски, словачки, ромски и на влашки јазик, посочуваат новинарите Стаменов и Чоловиќ, кои ја приредија и неодамна ја промовираа и антологијата на песни посветени на скопскиот земјотрес „Ден судбоносен – 26 јули 1963“.
Рецензенти на нивната втора антологија се универзитетските професори и литературни творци Васил Тоциновски и Александар Прокопиев, како и амбасадорот на Словенија во Македонија Милан Јазбец. Словенечкиот амбасадор е и покровител на изданието, кое е објавено со финансиска поддршка на Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Падна и член на Советот на јавни обвинители, Мемети осомничен за поткупот во случајот на Боро Малборо
-
Гласаат болните, изнемоштените и затворениците пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места
-
Судскиот совет му го одзема имунитетот на врховниот судија Георгиев и одобри негов притвор
-
Серија од 49 земјотреси во регионот на Неапол, најголем број во последните 40 години
-
Косовската полиција во филијалите на српската Поштенска штедилница во северно Косово запленила 1,6 милиони евра и 74,7 милиони динари
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи
-
За 12 октомври се подготвува реванш меѓу Усик и Фјури