Антитерористичка заштита за гардистите во кралскиот замок Виндзор
Британските безбедносни власти одлучија да се постават специјални бариери околу кралскиот замок во Виндзор, во близината на Лондон, посебно при церемонијата за смена на кралските гардисти.
Станува збор за масивни челични блокови, какви веќе има околу главните железнички станици во британскиот главен град и пред зградата на Парламентот во центарот на Лондон, поставени по терористичките напади од 7 јули 2005 година.
Ваквите блокови го заобиколуваат замокот од неговата предна страна и по улицата по која се движат гардистите облечени во црвени униформи, при парадата што традиционално се организира при смената на гардистите.
Смената на гардистите е предвидена за утре, а засилените безбедносни мерки околу замокот се определени по терористичкиот напад на лондонскиот мост Вестминстер и пред зградата на Парламентот минатата среда, при што беа убиени тројца пешаци и еден невооружен полицаец, пред полицијата да го убие напаѓачот.
Претставник на безбедносните власти објасни дека вакви мерки, повремено се користени и порано, како во декември минатата година, по нападот со камион на божиќниот панаѓур во Берлин, кога ваквите масивни блокови биле поставени околу кралската Бакингамска палата во Лондон.
Замокот Виндзор е изграден уште во 11. век, од кога е резиденција на аглиските, а од пред 310 години и на британските кралеви и кралици.
Сега е една од официјалните резиденции на кралицата Елизабета.
До изградбата на Бакингамската палата во центарот на Лондон, замокот во Виндзор бил главната кралска резиденција во која последна престојувала кралицата Викторија, која почина во 1901 година.
Замокот е главната атракција на градот Виндзор, кој секојдневно е посетен од туристи, а посебно во деновите за смената на кралските гардисти.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп