Анкета: Мнозинството Американци сметаат дека Трамп се мешал во истрагата за Русија

Категорично мнозинство Американци сметаат дека претседателот Доналд Трамп интервенирал во истрагата за претпоставената вмешаност на Русија во нивните избори и можните тајни договори со луѓе од неговиот предизборен штаб, покажува новата анкета, цитирана од американските медиуми.
Само една петина од анкетираните ја поддржуваат одлуката на Трамп да го смени директорот на ФБИ, Џејмс Коми.
По медиумски експонираното сослушување на Коми во американскиот Конгрес сондажата на јавното мислење на Асошиетед прес (АП) и институтот НОРК (NORC) покажува дека 68 проценти од Американците се најмалку умерено растревожени од можноста претседателот или претставници на неговиот предизборен штаб да имале неумесни врски со Русија.
Речиси половината од анкетираните кажале дека се многу вознемирени, а едвај 30 отсто кажале дека не се растревожени.
Односот на Американците кон ова прашање во голем степен се определува од нивната партиска припадност. Шеесет и два проценти од републиканците изјавуваат дека не се особено загрижени или воопшто не се растревожени од евентуалните руски врски.
Малку над половината Американци, пак, кажуваат дека не го одобруваат сменувањето на Коми, а делот на демократите кои изразиле такво мислење изнесува 79 проценти. Во целина, едвај 22 отсто од Американците го поддржуваат отстранувањето на директорот на ФБИ од функцијата.
Анкетата беше спроведена од 8 до 11 јуни, а во не аучествуваа 1.068 полнолетни граѓани на САД.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
