Анкета: Грците незадоволни од СИРИЗА
Песимизам и незадоволство владее во Грција од власта на левичарската партија СИРИЗА, покажува најновото истражување објавено на телевизија „Скај“.
На прашање - дали се задоволни од досегашните постигнувања на Владата, 86,5 отсто од Грците одговориле дека не се задоволни, шест отсто одговориле позитивно, а 7,5 отсто немаат став.
Од испитаниците, дури 88 отсто се убедени дека земјата оди во погрешна насока, а 72 насто очекуваат 2017 година да биде уште полошо. Околу 63 проценти сметаат дека финансиската состојба можеби или сигурно ќе се влоши.
Анкетата покажува и зголемување на разликата помеѓу двете најголеми грчки партии. Нова демократија веќе има предност пред СИРИЗА со 14,5 процентни поени. Трета останува крајнодесничарската Златна зора со поддршка од 7,5 насто. Демократскиот блок и Комунистичката партија имаат по 6,5 насто доверба, Независни Грци - два насто, Сојуз на центристите - 2,5 насто, Народно единство - 1 отсто и Курсот на слободата - 2,5 отсто.
Седумдесет и еден процент од Грците сметаат дека Нова демократија ќе победи на претстојните избори.
Ново на Сител
-
Лото - игра на среќа со семејна традиција, ритуал во кој среќните броеви ни поттикнуваат надеж
-
СВР Куманово приведе 19-годишник, со него затекнало 14-годишно девојче кое беше пријавено за исчезнато
-
Приведени двајца росоманци, пријавени за закани кон кавадаречкиот градоначалник и неговото семејство
-
44-годишник си ја истепал сопругата и нејзиниот малолетен син
-
Во сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе, повредени неколку лица меѓу нив и тримесечно бебе
-
ЈП Водовод и канализација: Апел до скопјани за рационално користење на водата за пиење
-
Двајца малолетници и две женски лица на 19 и 41 година приведени за престрелката во Тетово
-
Приведен 43-годишнен кавадарчанец, управувал возило со 2,31 промили алкохол