„Анима Мунди“ бара измени на забраната за движење поради физиолошките потреби на милениците

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ бара допрецизирање на отстапка во рамки на изречената Забрана за движење, а која се однесува на лицата кои имаат миленици и мораат да ги изнесат надвор.Тие бараат да биде дозволено милениците да можат да ги прошетаат по 21 часот, поради физиолошки потреби на животните.
– Многу повозрасни граѓани, кои неретко живеат сами, имаат миленици, кои поради извршување на физиолошки потреби мора да бидат прошетани неколку пати во текот на денот, не само наутро, а некогаш и подоцна од 21 часот, велат од „Анима мунди“. Од здружението информираат дека нивното барање е доставено до Владата и министерот за здравство Венко Филипче, но се уште не добиле одговор.
Од „Анима Мунди“ појаснуваат дека со Zабраната за движење се засегнати минимум 80 илјади сопственици на миленици територијаTA на Македонија кои немаат начин да го изнесат својот миленик ниту по 10 минути по временски период од 21 часа, што, пак, е неопходно тие да ги извршат физиолошки потреби.
Здружението предлага мерката да биде регулирана по пример на другите држави,како на пример Србија, Грција и Шпанија.
-Исто така бараме јавно да биде соопштено од министерот за здравство, д-р Венко Филипче дека милениците и бездомните кучиња и мачки не го пренесуваат коронавирус (Ковид -19), како што соопштува Светската здравствена организација, со цел да се избегне создавање паника кај населението и непотребно дефокусирање од потребните мерки за справување со понатамошно ширење на вирусот, велат од „Анима Мунди“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
-

Над 60 ученици се фатени како препишувале на државната матура
-

Измените на Законот за трансплантација поминаа на Влада, во Собрание ќе биде доставен по скратена постапка
