Анѓушев: Иднината на енергетиката е во обновливите извори

Иднината на енергетиката е во обновливите извори. Клучниот предизвик е како да се развиваат енергетските капацитети од обновливите извори и притоа да се воспостави механизам со тоа да не се влијае врз цената на електричната енергија што ја плаќа крајниот корисник, додека дополнителен предизвик е како енергијата од обновливи извори да се избалансира во енергетскиот систем, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев во обраќањето на Самитот за енергетска транзиција и дијалог за обновливи извори за енергетска сигурност што се одржува во Берлин.
На сесијата „Придонес на обновливите извори во енергетската сигурност“, Анѓушев истакна дека со новиот закон за енергетика во Македонија се воведува систем на „премии“ - модел кој поттикнува инвестиции и зголемување на учеството токму на обновливите извори.
Тој дополни дека малите земји, кои произведуваат недоволно електрична енергија за сопствените потреби и мора да увезуваат, треба да работат на енергетско поврзување со соседните и други земји и да воспостават транспарентни механизми за алокација на преносните капацитети.
Заклучокот на панелистите беше дека се потребни јасни правила, технологија и финансии за развој на капацитети од обновливи извори на енергија.
На самитот се присутни министри и еминентни експерти за енергетика меѓу кои Марош Шефчовиц, словачки дипломат и заменик-претседател на Европската комисија од 2014 година, како и Петер Алтмајер, министер за економски прашања и енергија на Германија.
За време на Самитот, вицепремиерот Анѓушев оствари средби со повеќе министри за енергетика.
Ново на Сител
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Граѓаните се подготвуваат за најлудата ноќ, програма ќе има и на Плоштад Македонија
-

АХВ казни 60 оператори кои продавале расипана храна и месо
-

Кои коруптивни скандали ја одбележаа 2025 година?
-

Антикорупциска одлучи: Идната година ќе го проверува имотот на 60 високи функционери
-

Нов Закон за јавно обвинителство денеска на владина седница
-

Власта и опозицијата продолжуваат со меѓусебни обвинувања за лицемерие, луксуз и криминал
