-->
-->
Ангеловски: За нас најважен е првиот натпревар, мотиви за евентуално финале нема да недостасуваат
-->
Македонската фудбалска репрезентација доколку го совлада Косово во полуфиналето од Лига на Нации, натпреварот за пласман на ЕВРО 2020 ќе го игра на гости во Грузија или Белорусија, односно домаќин ќе биде подобриот од дуелот Грузија - Белорусија беше одлучено по денешната ждрепка за баражите во Лигата на нации во Нион.
Селекторот на македонската А репрезентација Игор Ангеловски вели дека за нас најважен е натпреварот со Косово, а мотиви за евентуално финале нема да недостасуваат.
„Ждеребката не беше на наша страна, финалето ќе се игра во Грузија или Белорусија, но за да се пласираме таму мора да мислиме на првиот натпревар. За нас најважен е тој натпревар со Косово каде што треба да бидеме максимално подготвени. А, што се однесува до финалето, мислам дека е помалку важно каде се игра бидејќи мотивите се огромни. Или, ако немавме среќа на извлекувањето, очекувам да имаме среќа на самите натпревари“, изјави Ангеловски.
Македонија за да се пласира во финалето ќе мора да победи против Косово на домашен терен на 26. март 2020 година. Евентуалното финале, македонската репрезентација ќе го одигра на 31. март 2020 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот