-->
-->
Ангеловски: Израел е фаворит, но ние нема да бидеме аутсајдер
-->

Фудбалската репрезентација на Македонија утре го игра вториот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2018. Во Скопје ќе бидеме домаќини на селекцијата на Израел, против која немаме позитивен резултат.
На денешниот прес пред дуелот селекторот на Македонија Игор Ангеловски истакна:
- Двете селекции имаат негативни резултати на последните дуели. Израел е фаворит, но ниме да влеземе како аутсајдери. Ќе дадеме максимум од нашите можности за да стигнеме до позитивен резултат и секако да донесеме радост за нашите навивачи. Изреал фаворитската улога ја има од прична што има подобар ранг од нас на ФИФА ранг листата, а воедно имаат екипи кои се дел од Лига Европа, а имаат и играчи во Лигата на шампионите.
За тоа со каква тактика и со кој состав ќе настапи Македонија утре Ангеловски ќе се реши по вечерниот тренинг што се одржува на терените на комплексот „Петар Милошевски“ на ФФМ.
Капитенот Горан Пандев, кој веќе има одиграно натпревар против Израел на пресот изјави:
- Израел е квалитетна селекција. Но, ние добро работевме изминативе денови, а ги знаеме нивните добри и лоши страни. Со помош на публиката можеме да дојдеме и до добар резултат.
Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот и се игра на Националната Арена „Филип Втори“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
