-->
-->
Ангеловски: Имавме голем респеркт за противникот
-->
По поразот од Шпанија во мундијалските квалификации, селекторот на македонската фудбалска репрезентација не го криеше незадоволството од лошата игра во првиот дел, но и задоволството што Македонија доби два екстра талентирани фудбалери на овој меч.
- Честитки за Шпанија на победата, ние не сме задоволни, особено од тоа како влеговме во мечот во првиот дел, имавме преголем респект за противникот. Ме радува второто полувреме, се вративме во мечот, но за жал не успеавме да избегнеме пораз, издвои Ангеловски по мечот.
Влегувањето на Елмаз внесе голема свежина во нашата игра, како и настапот на Кристијан Тошевски, за кои селекторот Ангеловски не штедеше пофални зборови на прес конференцијата по натпреварот.
- Во Елмаз, Македонија доби огромен бисер, влезе и внесе свежина, пред него е голема иднина. Одличен беше и Тошевски на позицијата десен бек, Македонија доби двајца големи играчи, потенцира Ангеловски.
На полувремето бев нервозен, од тоа дека мојата екипа се плаши да игра, без разлика што противникот е Шпанија, сакам моите играчи да играат одважно против било која селекција. Сега е лесно да дебатираме дали Елмаз требаше да биде стартер или не, но јас сум задоволен од она што тој го прикажа во вториот дел, дополни македонскиот селекторот.
Следен предизвик за македонските фудбалери е гостувањето кај Израел на 2 септември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари